Според извештајот World Happines Report Норвешка е најсреќна земја на светот.
Имено, луѓето во Норвешка имаат коефициент од 7,54.
Кога е во прашање Македонија, ние се наоѓаме на долниот дел од листата. Имено, од 155 земји на листата, Македонија се наоѓа на 92 место со коефициент од 5,175.
Од земјите во регионот Србија се наоѓа на 73 место, Хрватска на 77, Црна Гора е на 83, а БиХ на 90 место.
Оваа листа ја направиле економисти кои среќата ја процениле на основа на приходите и животниот век.
Норвешка од четвртото место се искачи на врвот на листата, а зад неа се Данска, Исланд, Швајцарија и Финска.
САД од 13 паднаа на 14 место, Канада е на седмо, Австралија на деветто, Германија на 16, Русија на 49, а Кина на 79 место.
Кога се во прашање најнесреќните земји тука преовладуваат земјите од Африка.
На последно место е Централноафриканската Република, потоа Бермуда, Танзанија, Сирија и Руанда.