Најмалку 18 луѓе загинаа, а 20-сеттина се повредени кога големо стебло падна врз нив во езеро во кое се капеа во подножјето на еден водопад во Гана, објави полицијата.
Несреќата се случила во неделата, кога во посета на водопадот стигнале многу луѓе, меѓу кои многу средношколци.
„Врз нив падна горниот дел на едно од најголемите стебла. Беше страшно кога пристигнавме“, рече еден пожарникар.
Тој додаде дека биле употребени пили за да го исечат стеблото и да ги ослободат жртвите.
Несреќата се случила набрзо по невремето во тоа подрачје, познато по поројните дождови во овој период на годината.
Властите најавија истрага.