Компанијата Samsung ќе користи интересна маркетинг стратегија за новиот Galaxy S8.
Според извори блиски до компанијата, Samsung ќе предложи да ги врати назад парите на секој корисник кој не е задоволен од телефонот и го врати до три месеци по купувањето, се додека уредот е фабрички здрав и исправен.
Нема да има потреба од дефект за да го вратите Galaxy S8 на Samsung и да ви биде вратена целата сума. Овој неочекуван пристап е поврзан со желбата на компанијата не само да го претстави Galaxy S8 што е можно во подобро светло, но и да му овозможи на дигиталниот асистент Bixby да се усовршува.
Samsung очигледно подготвува голема надградба за асистентот во рамките на првите три месеци од премиерата на Galaxy S8 и затоа корисниците кои не се задоволни од функционалноста, ќе можат да ја испробаат, без да се категорично ангажирани со неа.
Сеуште немаме информации дали овој тест период ќе биде валиден за сите пазари. Премиерата е на 29 март, па прашањата околу Galaxy S8 ќе бидат во скоро време разјаснети.