Родната куќа на претседателот на САД, Доналд Трамп во њујоршкиот кварт Квинс е продаден за 2,14 милиони долари.
Двокатната куќа е изградена во 1940 година, од Фред, таткото на сегашниот претседател и при раѓањето, тој е заведен на таа адреса. Доналд Трамп во тој дом ги поминал првите четири години од својот живот.
Цената е невообичаено висока за таа област, а купувачот е непознат. Зданието е во т.н. „Тудорски стил“ и беше продадена за цена 54 отсто повисока од онаа во декември. Тогаш инвеститорот за недвижнини за неа плати 1,39 милиони долари. Куќите во тој кварт обично чинат околу 1,6 милиони долари.
Пред некое време, во интервју за „The Tonight Show“ на Ен-Би-Си, Доналд Трамп рече дека жали за куќата и дека сака повторно да ја купи.