Откриена пирамида за која никој не знаел

popara5 април, 20171min00
1

Началникот на египетската Служба за артефакти, Махмуд Афифи, објави дека археолошкиот тим открил остатоци од пирамида кои датираат од пред околу 3.700 години, од 13-та династија.

Началникот на службата за артефакти рекол дека остатоците се најдени северно од „свитканата пирамида“ на кралот Снеферу, во кралската некропола Дашур јужно од Каиро. Тука биле погребувани дворјаните и други високи државни функционери.

Директорот на службата кој се грижи за некрополата, Адел Окаша, рекол дека се пронајдени остатоци од внатрешноста, вклучувајќи го и главниот ходник, но и камени блокови кои се покриени со украси.

„Свитканата пирамида“ се смета за еден од првите обиди на старите Египќани да направат пирамида со рамни страни.