
Петок, односно на 7-ми април е големиот христијански празник Св. Благовештение, или меѓу народот познат како Благовец.
На овој ден не се работи, а се оди на именден кај оние со име Благоја, Блаже, Благојка итн.
Според народните верувања овој ден е благ, па доколку се здобиеме со некоја рана, таа нема да боли и затоа на многу мали деца им ставаат обетки на ушите.