
Додека јавноста очекуваше да ја види во манастир или како очајува, поранешната сопруга на рускиот претседател Владимир Путин, Људмила, се чини дека ужива во брак со 20 години помлад маж во раскошна вила во Франција. Ова го објавија британските и руски медиуми, објавувајќи нејзини фотографии со новиот сопруг.
Људмила Путин беше сопруга на Владимир Путин три децении. Откако се разведоа во 2013 година, Русите не слушнаа ништо за неа. Секретарот за печат на Путин одбиваше да одговара на прашањата за нејзиниот живот, а Кремљ од биографијата на претседателот на Русија ги избриша сите спомени на неа. Но, многу обични граѓани останаа фасцинирани од Људмила и сакаа да знаат што се случило со жената која беше поблиска со Путин од било кој.
Сега, речиси четири години подоцна, излегоа новите детали за животот на Људмила. Тие детали не нудат само увид во затворениот свет на семејството на Путин, што едвај може да се насети од официјалното пријавување на нивниот имот, туку и го навестуваат богатство со кое според критичарите располага рускиот претседател и оние во неговиот внатрешен круг последниве години.
Рускиот новински веб-сајт „Собеседник“ ја откри новата врска на Људмила минатата година, кога објави документи според кои 58-годишната екс сопруга на Путин се премажила и го зела презимето на нејзиниот нов сопруг, Артур Очеретни, тогаш 37-годишен. Овој викенд весникот „Стархит“ од Лондон објави и фотографии на кои се гледа таа со новиот сопруг на аеродромот Хитроу.
Поврзаноста на двојката со европската вила беше откриена кога истрагата на Проектот за истражување на организираниот криминал и корупција (OCCRP) објави напис во кој наведе дека Очеретни е сопственик на „мини палата ” во село во близина на Бијариц во југозападниот дел на Франција во вредност од 7,46 милиони долари и дека вилата е во процес на екстензивно реновирање. Вилата била купена шест месеци откако Путинови го најавија нивниот развод, објави OCCRP.

Еден локален жител изјавил за OCCRP дека купувач нa вилата е поранешната сопруга на Путин.
Ова се чини како среќен крај за Људмила. Нејзиниот долг брак со Путин не беше секогаш убав бидејќи, како што се тврди, чувствителната Људмила тешко се справувала со студениот сопруг. Наталија Геворкијан, биографка на Путин, кратко време пред да го објават разводот изјави дека „таа беше жена која сакаше и не беше сакана.”
Но, откривањето на луксузната вила во Франција исто така го покрена прашањето како Људмила и нејзиниот сопруг можат да си дозволат таков раскошен имот. Артур Очеретни е директор на непрофитна организација, Центар за развој на интерперсонални врски, што е најпознат по тоа што е поврзан со Људмила. Пред тоа, тој работел како организатор на настани и често работел со владини клиенти. Во руските невладини организации обично не добиваат високи плати, и никој од бизнис потфатите на Очерни не се покажаа како успех.
Људмила официјално исто така не е богата. До разводот, според законот мораше да го пријавува нејзиниот имот, и притоа никогаш не пријави многу. Но, и пријавите за имотната состојба на Владимир Путин беа слични и содржеа плата од 147.000 долари годишно и ограничени средства, вклучувајќи стан во Москва, договор за земјиште и три автомобили во 2015 година.
Јавноста веќе долго време шпекулира дека Путин и блиските до него се значително побогати од тоа што го пријавуваат. Според некои процени, личното богатство на рускиот претседател достигнува 200 милијарди долари, иако тие тврдења не се поддржани со докази.
Од записите што протекоа во 2016 година од фирма со седиште во Панама се виде дека дури и соработниците на Путин располагаат со околу две милијарди долари на оф-шор сметки. Reuters исто така објави дека Катерина Тихонова, една од двете ќерки на Путин, поседува вила во Бијариц, во вредност од околу 3,7 милиони долари.