Колумбиската актерка Софија Вергара (44) веќе со години важи за една од најубавите жени на светот, и секогаш ја гледаме во максимално дотерана варијанта. Затоа и не чуди што сликата на која е болна, Софија ја објави на својот Инстаграм профил и предизвика огромен број на коментари и стана хит на социјалните мрежи.
„Хм, штотуку сватив дека температура од 39 степени дава совршено нијанса на роза боја… Потребно ми е вакво руменило“, напиша Вергара на фотката на која речиси е непрепознатлива. И според очекувањата, следеа илјадници коментари, но тоа што особено упаѓа во очи дека сите коментари беа позитивни.
„Прекрасна без шминка! Не е фер, и кога си болна, ти изгледаш сјајно! Изгледаш 10 години помладо без шминка“, и порачаа нејзините фанови, а останатите и посакаа брзо заздравување и и честитаа на храброста што се осмелила на ваква „несредена“ слика.