
На снимката која ја направиле нуркачи кои се наоѓале на 18 метри длабочина во близина на Мабиниј на Филипините, забележан е земјотрес од 5.7 степени.
Снимката која е направена на 8 април, прикажува како билките се тресат и песокот се подигнува од дното на океанот, додека во далечина се слуша застрашувачки звук.
Подземните земјотреси се еден од главните причинители на цунами. Доколку ударот е премногу силен, последиците можат да бидат катастрофални.
За среќа во овој земјотрес никој не бил повреден.
https://www.youtube.com/watch?v=EtBs1MKqMV8