Научници од Универзитетот во Ново Мексико открија каде живеат најздравите луѓе во светот. Станува збор за јужноамериканско племе со активен стил на живеење и најздрави крвни артерии.
Припадниците на племето Тсимане од боливиската амазонска прашума го минуваат времето во риболов, лов, земјоделство и собирање на зрнести плодови. Исхраната им се темели на јаглени хидрати кои содржат малку масти и протеини. Научниците проучиле стотина мажи и жени од племето и откриле дека скоро сите имаат чисти артерии и се без ризик од срцеви заболувања.
Дури и постарите биле со добро здравје, скоро две третини од луѓето над 75 години биле без ризици на заболување. Еден 80-годишен старец имал артерии какви што просечниот Американец има во средни години.
Нивниот животен стил се темели на исхрана богата со влакна, месо од дивеч, риби, неконсумирање цигари и целодневна телесна активност.