Јужнокорејски војници по грешка нападнале патнички авион

popara19 јуни, 20111min00
800_ap_korea2_1012223
Војниците на Јужна Кореја отвориле оган на патнички авион, што летал во близина на поморската граница со Северна Кореја, сметајќи дека е во прашање воено летало на нивниот северен сосед, јавиле тамошните медиуми.
Во текот на нападот не била причинета никаква штета, а подоцна се утврдило дека леталото што било цел на нападот, е авион на компанијата “Ејжиан ерлајнс“ кој што требал да слета на аеродромот во Сеул.
Во авионот, што полетал од Кина имало 119 патници и членови на екипажот, а штетата била избегната оти леталото се наоѓало на околу 600 метри надвор од опсегот на оружјето со кое било нападното.
Односите на Корејскиот полуостров особено се напнати откако Пјонгјанг кон крајот на минатиот месец најави дека ги прекинува сите контакти со владата во Сеул, а јужнокорејските војници биле предупредени да бидат внимателни од можните провокации од нивниот северен сосед.
Јужна Кореја, месецов предупреди дека сите идни напади од Северна Кореја ќе наидат на жесток одговор.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag