За прв пат во модерната историја, научниците набљудувале како цела река исчезнала за 4 дена.
Феноменот е наречен „речно пиратство“ е појава кога една река е „заробен“ од друга. Историски докази сугерираат дека овој процес обично трае стотици години, но во овој случај реката Слимс која се напојува од канадскиот Каскавулш глечер исчезнувањето го завршила за само неколку дена.
Геонаучникот Ден Шугар од Вашингтонскиот универзитет Такома заедно со неговиот тим истражувачи отпатувале на експедиција на оваа река минатиот август, и кога пристигнале откриле дека таа е скоро исчезната – иако претходно била широка 480 метри. Таа немала скоро никаков проток, и личела на долго, плитко езеро.
За да истражат каде отишла целата вода, тимот ја испитувал околината со хеликоптер и дронови, со чија помош била пронајдена причината.
Последните 300-350 години, реката Слимс се напојувала од истопената вода од Каскавулш глечерот, кој е еден од најголемите канадски глечери.
Но, со неговото повлекување изминатите години поради се потоплата клима на Земјата, неговото интензивно топење пробило нов канал во мразот, кој ја пренасочил истопената вода на друга дестинација.
Иако околината околу оваа река не е премногу населена, истражувачите велат дека ефектите од пренасочувањето ќе имаат огромни последици на природниот екосистем, и би можеле да влијаат на иднината на снабдувањето со вода во регионот.