Во близина на островот Скепелос, кој се наоѓа во западниот дел на Егејското море, грчките рибари уловиле ајкула долга седум метри!
Работниците на рибарска компанија браќата Брусианис не можеле да веруваат кога во својата мрежа го виделе морското чудовиште.
Со доста труд успеале со дигалка да ја извлечат ајкулата тешка повеќе од 300 килограми.
Инаку, големи ајкули се реткост во водите околу Грција.