Британска пејачка Ејми Ванхаус синоќа ја започна својата европска турнеја со скандалозен настап во Белград.
Публиката на Калемегдан ја исвирка Ејми, која во текот на еден час и 11 минути практично не ни запеа, јавува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Работата, сепак, ја “извадил“ американскиот музичар Моби, кој со сјајниот настап ја “дигнал“ белградската публика.
Долго очекуваниот концерт на Вајнхаус, на кој се собрал пола Белград, вклучувајќи го и градоначалникот, Драган Ѓилас, министерот за одбрана, Драган Шутанов, американската амбасадорка, Мери Ворлик и лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се одвивал во настојување на пејачката да остане на нозе и нешто да отпее, а настапот повремено го “ваделе“ момците од бендот. Многу посетители од ВИП ложата го напуштиле концертот уште на почетокот.
Контроверзната Ејми на почетокот ја поздравила Атина, а малку подоцна и публиката во Њујорк, иако било тешко да се разбере што зборува, а како што јавува “Танјуг“ тоа било се’ што правела, зборувала неповрзано и отпеала неколку стихови од своите хитови.
Ејми, околу полноќ, дефинитивно ја напуштила сцената, а била испратена со свиркање.
Организаторите на концертот рекле дека се непријатно изненадени од концертот.
Моби, за кој публиката коментирала дека “во Белград го оставил срцето“ со својот бенд ја дигнал публиката на нозе уште на почетокот на својот настап.
Бројната публика се распрашувала дали ќе им бидат вратени парите од картите, но изгледа до тоа нема да дојде.
Во анкета, по концертот, која РТС ја емитувала во утринската програма, мнозинството анкетирани се сложиле дека ова бил “најлошиот концерт во нивниот живот“, додека еден средовечен Белграѓанин изјавил дека е “пресреќен“ оти “го видов ова, а не платив прескапа карта“.
httpv://www.youtube.com/watch?v=GR61f4AqXNo