Јувентус – пристигнува Бастон за 15 милиони евра!

19 јуни, 20110
0

Досегашниот бек на Лион, Мичел Бастон, конечно ќе стави точка на својата иднина и од следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус, пренесуваат утринава француските медиуми.

”Л’екип” тврди дека Лион побарал 15 милиони евра, што “старата дама” ќе ги исплати.

Сагата околу Бастос траеше полни шест месеци, а нему му е исполнета желбата да заигра за италијанскиот гигант. Јуве мораше сериозно да се намачи за да го доведе, бидејќи испраќаше понуди дури седум пати.

Екипата на Лион значително заслабува, бидејќи довчерашниот капитен на тој клуб, Жереми Тулалам е на прагот на Малага.

Јувентус оваа сезона сериозно работи на реконструкција на екипата за следната сезона, а во планот се Лас Дијара, Серхио Агуеро и Алексис Санчез.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma