Обама: Каков живот би имал, доколку татко ми беше тука ?

19 јуни, 20110
barack-obama-speech-ringtones
Американскиот претседател, Барак Обама, чиј татко починал кога имал само две години, изјавил дека сеуште често пати се прашува каков би му бил животот доколку неговиот татко останел во семејството.
“Го чувтсвувам неговото отсуство. И се прашувам како би изгледал мојот живот, доколку татко ми беше тука“, рекол Обама во обраќање преку радио и Интернет непосредно пред Денот на татковците во САД.
Американскиот претседател рекол дека да биде татко “понекогаш му е најтешка, но секогаш најдрага работа“ и ги повикал сите татковци повеќе време да поминуваат со своите деца.
“Животот на многу Американци денес е тежок. Се’ повеќе деца растат без родители. На други, пак, им недостигаат татковците кои и служат на татковината. А кај оние кои се присутни во животите на своите деца, кризата зема голем данок“, додал Обама.
Признавајќи дека заради политичката кариера често пати е отсутен и најголемиот товар за чување на децата паѓа на неговата сопруга, Мишел, Обама рекол дека се обидува максимално да ја искористи секоја минута помината со ќерките Мали и Саша.
Обама, за својот татко многу пишувал во своите мемоари, објавени во 1995 година, “Соновите на мојот татко“, кои што повторно биле печатени во 2004 година кога Обама стана познат на јавноста.
Таткото на американскиот претседател загинал во 1982 година во сообраќајна несреќа во Наироби, Кенија.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi