Меланија Трамп ќе добие биста во фабрика за чевли во Бања Лука

popara16 мај, 20171min00
7

Во кругот на фабриката Bema во Бања Лиука ќе биде поставена биста на првата дама на САД Меланија Трамп.

„Од Меланија Трамп, жената која на некој начин ги обединува овие наши простори, односно просторот на поранешна Југославија, очекувам конечно да подаде маслинова гранка од Америка, доста ни беше оган и меч, се надеваме дека малку ќе го заузда господинот Трамп, и тука да дојде до некакво подобрување, ако ништо друго да нѐ остават на мир и да не нѐ подбуцнуваат“, рече Маринко Умичевиќ, технички директор на фабриката Bema.

Откако ѝ испратија пар специјално изработени чевли, директорот решил да ѝ подигнат и биста на Меланија во кругот на фабриката, во природна големина.

„Не ја правиме бистата само за Меланија, туку и за нашите работници, односно работнички, имаме 1.300 вработени од кои 1.200 се жени и мајки, затоа и имаме огромна штикла на влезот, во чест на жените, бидејќи според мене жена без штикла не е жена, а овде на видно место ќе стои Меланија, како симбол на едно ново време и нов почеток“, објаснува Умичевиќ.

Се очекува бистата да биде завршена кој крајот на мај или почетокот на јуни. За сега не е изработена уште главата и Умичевиќ планира да ѝ прати фотографија на Меланија за да види како изгледа пред да ја откријат.

„Сакам достојно да ѝ го честитам 47-от роденден, ние ја поканивме да дојде во Бања Лука, на кебапи.“

Бистата е дело на вајарот Стево Селак кој во својата работилница има извајано и бисти на Трамп и на Владимир Путин.

Умичевиќ на шега му рекол на Селак дека „ќе го обеси на покривот на фабриката“ ако случајно ги промаши пропорциите на Меланија.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag