Јапонската принцеза се откажа од кралскиот статус за да се омажи за правник

popara18 мај, 20171min00
7

Принцезата Мако од јапонското кралско семејство се откажа од кралскиот статус бидејќи ќе се мажи за човек без благородничко потекло.

Мако (25) е внука на царот Акихито се сврши со правникот Кеи Комура со кој се запознала за време на студиите. Според законите на јапонската империја, принцезата ќе мора да го напушти кралското семејство ако се омажи за човек кој нема кралска крв.

Се очекува ваквиот нејзин потег да отвори расправа за наследството на престолот, имајќи предвид дека царот наскоро ќе абдицира.

Ниту еден јапонски цар не абдицирал во изминатите 200 години и законот моментално тоа не го дозволува, но се разгледуваат измени на законот за да му се дозволи тоа.

Можни наследници на престолот се принцовите Нарухито, Фумихито, Хисахито и Масахито.

Принцезата Мако и Кеи Комура се запознале во 2012 година во ресторан, додека двајцата студирале на меѓународниот универзитет ICU во Токио.

Двојката наското официјално ќе се сврши на свеченост на која ќе бидат разменети подароци.

Мако веќе се отселила од кралската палата.

Тетка ѝ Сајако се омажи за обичен човек во 2005 година, што беше прв случај член на кралското семејство да се откаже од статусот.

Таа се пресели во еднособен стан, научи да вози автомобил, сама да пазари и да одбира мебел, сѐ што не можеше да прави во палатата.