Пред десет години Јутјуб видеото под име „Чарли ме гризна за прст“ (Charlie bit my finger) беше еден од најпопуларните видеа кои најчесто ги покажуваме на пријателите смеејќи се до солзи.
Ова видео не беше интересно само по тоа што беше урнебесно смешно, туку во исто време и преслатко и забавно и собра неверојатни 850 милиони прегледи, станувајќи најгледано видео на овој сајт во деведесетите години.
Видеото ги прикажува двајцата браќа како седат на кауч, при што помладиот брат Чарли седи напред, и ги глицка прстите на својот постар брат, Хари. Играта во еден мометн излегува од контрола, и прстот на постариот брат настрадува, но нивната љубов во текот на целото видео е неодолива.
Сега пораснаа. Хари има 13, а Чарли 11 години. Нивното видео на семејството им донесе богатство од неверојатни милион фунти (1.1 милион евра). И двајцата во текот на годините гостувале на бројни телевизии и реклами.
Нивниот татко Хауард призна дека од на почетокот видеото од 2007 година било само за пријателите, но кога виделе дека прегледите растат секој ден, одлучиле да го задржат на својот Јутјуб канал, пишува ladbible.com.
Charlie bit my finger turns 10 years old
It's been 10 years since 'Charlie bit my finger' became a viral sensation!
Gepostet von The Telegraph am Montag, 22. Mai 2017