Светската организација за заштита на природата, известува дека нејзиното најново истражување кое вклучува и обдукција на китовите од Средоземното море, покажува присуство на алармантна количина на микропластика во тие животни.
Истражувањата покажуваат висока контаминација на китовите со фталати. Тоа е една од компонентите на пластиката а вообичаено се наоѓа во пакувањата, завесите за туширање, каблите, лековите, боите и друго.
Оваа состојка е токсична и предизвикува ендокрини пореметувања. Денеска во светот се произведуваат 3 милиони тони фталати годишно.
Средоземнто море е класифицирано како шесто најголемо подрачје за акумулација на пластичен отпад во светот, и се проценува дека низ него плови меѓу 1000 и 3000 тони пластика.