Брачниот пар Пауло Габриел да Силва (31) и Катјуција Ли Хошино (21) од Бразил се најнискиот пар во светот. Тие се запишани во Гинисовата книга на рекорди. Пауло е висок 90,28 сантиметри, а Катјуција 91,13. Заедно се високи 181,41 сантиметар. Се запознале во 2006 година, а се венчале неодамна.
„Среќни сме што влеговме во Гинисовата книга на рекорди. Со ова сакаме да ги охрабриме луѓето со физички неодостатоци. Ниски сме ама имаме големо срце и многу љубов“, изјавил Пауло.