Бил Конер, жител на Медисон во Висконсин, се одлучил на необична мисија, односно, ја пропатувал половина Америка на велосипед, само како би го слушнал срцето на својата ќерка, после нејзината смрт.
Неговата 20-годишна ќерка Аби починала во јануари, за време на одмор во Мексико, а нејзиното срце е донирано на Лоумонт Џек, кој претрпел неколку срцеви удари.
Токму тоа била причината поради која Бил одлучил да отпатува дури на Флорида, оддалечена 2.253 километри, само како би ги слушнал отчукувањата на срцето на својата ќерка.
Неговото патување траело 25 дена, а емотивната средба расплакала многу корисници на социјалните мрежи.
– Сега знам дека Аби е жива, таа живее во него, нејзиното срце помогна да не умре тој. Среќен сум за него и неговото семејство, а во исто време среќен сум што успеав повторно да ја сретнам својата ќерка, рекол Бил за Си-Би-Ес.
Емотивното видео погледнете го во прилог:
This dad cycled 1,400 miles to hear his late daughter’s heartb…
This dad cycled 1,400 miles to hear his late daughter’s heartbeat ♥️
Gepostet von Daily Mail am Donnerstag, 22. Juni 2017