Уште е тинејџер, а веќе е милионер: До 18 години го оствари својот сон

popara29 јуни, 20171min00
5

Пред три години, Ерик Финман од американскиот град Идахо се обложил со родителите дека нема да мора да студира ако стане милионер до своето полнолетство по што го напуштил школото и учел дома.

Неговата животна приказна, започнала во 2011 година, кога имал 12 години. Неговата баба му дала 1000 долари, а Ерик тие пари го вложил во „bitcoins“, дигитални пари, направени и чувани електронски.

Се користи за купување во електронски вид и во таа смисла не се разликува од ниту една друга валута. Но, на идејата за вложување во тоа прво дошол Скот, постариот брат на Ерик.

– Не го сакав училиштето. Го поминував времето играјќи видеоигри. Колку и да пробував, немав успех, добивав тројки и бев уплашен, бидејќи моите наставници во училиштето неуспесите ги гледаа како нешто лошо. Еден од нив ми кажа дека никогаш нема да бидам успешен и дека ќе се вработам во МекДоналдс – вели Ерик.

Родителите одлучиле Ерик да го отпишат од училиште и неговото образование да го продолжат дома. Ерик првиот биткоин го наплатил кога неговата вредност изнесувала 1200 долари и со тоа ги вратил вложените пари, со кои ја основал интернет фирмата „Botangle“, која им овозможува на учениците да најдат професори по пат на интернет.

Понесен од успехот почнал да се приклучува во стартапови во Силиконската долина, подрачје познато по високата технологија.

Денес Ерик има 403 биткоини, од нив секој вреди 2700 долари, што вкупно е повеќе од милион долари. На социјалните мрежи самиот се нарекува „real life Tony Stark“, по пример на познатиот супер-јунак Iron Man.

Моментално работи на неколку проекти, вклучувајќи и лансирање на ракети за НАСА.

И понатака не му е жал што не оди на факултет, а на секого му го препорачува образованието преку интернет, кое е бесплатно и дава многу повеќе од образовниот систем, кој не работи за никого.