
Човек кој барал храна во контејнер во Кина видел бебе, кое било фрлено од еден кинески пар, го однел во болница, и му го спасил животот.

Лекарите подоцна успеале да им влезат во трага на родителите, кои го фрлиле бебето бидејќи тежело само 1,5 килограми и било предвремено родено.
Тие изјавиле дека го фрлиле бебето бидејќи мислеле дека нема да биде здраво, меѓутоа, лекарите со преглед установиле дека неговото здравје е во ред.
Родителите изјавиле дека не промислиле добро пред да го фрлат бебето, и ветиле дека добро ќе се грижат за него.