
Учеството на растителните влакна во вашиот режим на исхрана е одличен начин да бидете здрави, штитејќи се од редица болести, а истовремено здраво намалување на вишокот килограми. Храната која е богата со растителни влакна ќе ви помогне да се чувствувате сити за подолго време.
Овошјето и зеленчукот се прекрасен природен извор на растителни влакна и се богати со антиоксиданси, многу витамини и минерали кои се неоходни за здравјето. Секоја диета богата со растителни влакна треба да содржи најмалу 3 оброци од свежо овошје и зеленчук, без термичка обработка.
Консумирајте полнозрнеста храна! Оваа храна е еден добар начин да се снабдите со дополнителни растителни влакна. Започнете со појадок од овесни јатки, полнозрнести мусли или полнозрнест леб. Заменете го белиот леб целосно со црн, јачменов или полнозрнест. Користете кафеав ориз, наместо бел и мед наместо бел шеќер.
Оваа диета се фокусира врз зголемениот прием на растителни влакна, со што истовремено се намалува приемот на масти. Таа дозволува дневно прием на 1300 калории, но бара поголемиот дел од калориите да потекнуваат од храната богата со растителни влакна. Нискомаслени млечни производи, изобилие од свеж зеленчук и овошје се основните акценти на диетата.