Огромна санта мраз се одвоила од Антартикот

popara14 јули, 20171min00
5

Огромна санта мраз, тешка илјада милијарди тони, се одвоила од Антартикот, соопштија денеска британски научници.

Одвојувањето се случило меѓу понеделникот, 10 јули и среда, 12 јули, кога парче мраз со големина од 5.800 квадратни километри се откачило од ледениот гребен Ларсен Ц, соопштија научниците од универзитетот Свонси, а пренесоа француските медиуми. Според веста објавена во „Телеграф”, отцепeната ледена планина според површината е четирипати поголема од Лондон, главниот град на Англија.

Истражувачката екипа на Универзитетот „Свонси“ истакна дека сателитот „Аква“ на Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) направил видеоснимка од отцепувањето на ледената планина со големина од 5.800 квадратни километри, која подолг период е предмет на набљудување. Со тоа намалена е големината на ледената платформа Ларцен Ц за 12 отсто.

Професорот Адријан Лакман од Универзитетот „Свонси“ изјави:

„Подолг период го очекувавме отцепувањето на оваа ледена планина. Ќе продолжиме да ја следиме. Досега, ова е една од најголемите ледени планини што се отцепиле од основата на Антарктикот“.

Се верува дека глобалното затоплување го забрзало овој процес.

извор:Макфакс