Колку е велосипедизмот тежок спорт покажуваат и фотографиите од полскиот велосипедист Павел Полјански, објавени на Инстаграм.
Возачот на екипата “Бора” објавил фотографија од своите нозе по “Tour de France”. Но, на неговиот профил може да се најдат и фотографии, на пример, од годишен одмор.
Првата е по вчера завршените 16 етапи на најпознатата велосипедска трка на светот, “Tour de France”, а втората е од одмор во Тоскана. Разликата во изгледот на неговите нозе е повеќе од драстична, и ни го покажува напорот кој е вложен при возењето.
Етапата била инаку возена од Ле Пиу ен Велаја до Романс Сур Исера во должина од 165 километри, а најбрз бил австралискиот велосипедист Мајкл Метјус. И натаму води Британецот Крис Фром, а пред велосипедистите се тешки етапи на француските Алпи.