Кинеските цариници фатиле жена која се обидела илегално да пренесе 102 мобилни телефони од Хонг Конг во Кина.
Телефоните од „Епл“ и „Тисо“ часовниците, со вкупна тежина од 20 килограми, ги залепила со селотејп за телото, а на цариниците им го привлекла вниманието со крупниот изглед и необичното движење.
Во Хонг Конг „Ајфоните“ се поевтини отколку во Кина, па криумчарите често се обидуваат да ги пренесат преку граница.