Пози кои се одлични за релаксација, медитација и истегнување
Лошата циркулација на телото може да направи проблеми, како што се задржување на водата во телото и отекување на нозете. Овие вежби навистина можат да ви помогнат.
Едноставна поза со длабоко дишење
Седнете на под со прекрстени нозе. Доколку имате поголеми проблеми со циркулација, немојте предолго да седите во оваа положба. Една до две минути е сосема доволно, а за тоа време фокусирајте се само на дишењето. Длабоко вдишете и издишете, и опуштете се колку што можете повеќе.
Планина поза
Застанете во стоечка позиција во ширина на рамениците. Рацете ставете ги до телото и спојте ги дланките. Останете во таа поза неколку минути, и длабоко вдишувајте и издишувајте.