Како стресот влијае на вашето здравје

popara28 јули, 20171min00
Woman overloaded with stuff at work

Најчестата “болест” во ова време е стресот, причина за голем број на здравствени проблеми. Ретко кој е имун на стресот, или може да го контролира. Стресот може да предизвика ментални и физички проблеми, посебно ако стане хроничен. Еве како тој влијае на комплетното здравје.

Еден од главниот ефект на стресот на телото е произведувањето на хормонот кортизол, кој го лачат надбубрежните жлезди. Во случај на хроничен стрес, телото е изложено на високо ниво на кортизол што може да го оштети целиот нервен систем, а да го потисне имуниот систем.

Така може да дојде до оштетување на срцето, зголемен крвен притисок и појачани стомачни проблеми, дури и до прерано стареење на мозочните ќелии. Влијае и на состојбата на коските, мускулите, нервите, што предизвикува целосна токсикација на вашето тело. Може да влијае и на плодноста кај двата пола.

Стресот влијае и на наталожување на масно ткиво околу струкот. А научните студии покажуваат дека и органите за варење се посебно чувствителни на стресот.

Затоа водете сметка, бидејќи мозокот се меморира и по континуиран стресен живот може да се рефлектира со негативни последици.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag