Не постојат зборови кои може да опишат колку се убави овие автомобили.
Всушност, сликите покажуваат дека овие два модела на кабриолет од Aston Martin изгледаат исто со концептите кои беа прикажани минатата година. Се очекува дека наскоро ќе почнат со производство, меѓутоа лоша вест е дека е најавено дека ќе бидат произведени само 127 модела.
После сликите на кои се гледа Volante, стилизираниот GT кабриолет кој ќе има V12 мотор и зафатнина од 5.9 литри со 592 коњски сили и 630 Nm обрта во минута, кој до 100km/h може да забрза за неверојатни 3,7 секунди. Истите карактеристики се потврдени и кај Speedster моделот кој ќе нема задни седишта.
Ниту еден од овие модели ја немаат ознаката на Aston Martin. Се верува дека Volante ќе биде претставен следниот месец, а сите 99 автомобили се веќе распродадени.
Што се однесува до Speedster, се уште нема детали околу датумот за неговото јавно прикажување, но познато е дека ќе биде уште поексклузивен од Volante моделот, бидејќи ќе се произведува само 28 автомобили по се уште не потврдена цена од 1.2 милиони евра.