Домашната крема за лице се базира на природни состојки и одговара на сите типови на кожа. Освен што ги намалува брчките, таа ја смирува и храни кожата и го зацврстува нејзиниот тонус и структура. Како старееме, кожата ја губи својата еластичност и почнуваат да се појавуваат брчките, кои понекогаш ни најскапата козметика не може да ги покрие.
Состојки: 1 лажица бадемово или маслиново масло, 1 жолчка, 1 лажица мед и 2 лажици вазелин.
Подготовка: Истопете го вазелинот на пареа. По неколку минути, постепено додавајте ги останатите состојки, се додека не добиете хомогена смеса. Добиената смеса ставете ја во кутија од крема.
Потребно е повеже од еден час кремата да се впие во кожата. Нанесете ја најмалку два часа пред спиење. Чувајте ја во фрижидер.