Поп пејачката Северина Вучковиќ денеска важи за најсексипилните и најбараните пејачки, но за 27 години, колку што е на сцената, многу работи требала да промени на себе.
Се започнало во 90-тите кога таа за прв пат се појавила на сцената. Според еден хрватски портал, тогаш морала да издвои 4000 марки за да изнајми стан во центарот на Загреб. Денес за истата цена но во евра купува фустани.
Забележливо е дека Северина немала од секогаш полни усни како денес. Во меѓувреме го оперирала носот, како што и самата признала поради здравствени причини. Разлика има и во нејзините заби, а се пишуваше дека таа направила и корекција на градите и затегнување на капаците.
Експериментира и со фризурата. Иако последниве години и остана верна на долгата светлокафеава коса, Северина била и русокоса, но се определила и за кратка коса.
Очигледно е дека Северина не жали ниту пари ниту време за да изгледа онака како што изгледа денес.