Овој луксузен брод е наречен Алила Пурнама, и е еден од најлуксузните во Азија. Достапен е за ексклузивен чартер престој и пловидба до Индонезија.
Називот на оваа убавина значи „Полна Месечина“, и од неодамна е достапен за изнајмување и за приватни патуања по индонезискиот архипелаг. Соддржи три палуби, а направен е рачно, во традиционален стил на Финиси. Акцент е ставен на стилот и издржливоста на бродот, а искористени се бројни луксузни материјали.
Може да престојуваат десет гости во пет добро опремени апартмани, а тука е и главниот апартман со панорамски поглед.