Американскиот студен Дејвид Снедон последен пат бил виден додека планинарел во гората Тигер во кинеската провинција Јунан во далечната 2004. година по што целосно му се губи секаква трага.
Кинеските власти веќе го прогласиле за мртов верувајќи дека паднал или се удавил за време на планинската авантура. Но, иако минале повеќе од 12 години од неговото исчезнување, семејството на Дејвид цврсто верува дека тој е жив, а надеж им дава фактот што неговото тело никогаш не било пронајдено.
Пред да исчезне служел на верска мисија во Јужна Кореја во рамките на црквата Исус Христос светецот. Бидејќи течно зборува корејски јазик, неговото семејство е уверено дека во Кина го киднапирале севернокорејски агенти и го одвеле кај својот лидер да го учи англиски јазик.
Минатата година се појавиле нови информации за Снедон. Од групата за помош на киднапирани државјани на Јужна Кореја, тврдат дека дознале дека Снедон сега живее под името Јон Бонг-Со, и е под строг надзор во Северна Кореја. Наводно, тврдат, оженет е со 37. годишната Ким Еун-хје, со која има две деца.
Од Стејт департментот велат дека разговарале со семејството на Снедон, но тие велат дека со нив бил прекинат секаков контакт откако дошол Трамп на власт. Уште во јуни на Доналд Трамп му пратиле писмо во кое го молат да се ангажира околу пронаоѓањето на Дејвид, но засега се без одговор.
Се што засега тврди Стејт департментот е дека “нема потврдени информации ни сознанија дека Снедон е киднапиран во Кина и префрлен во Северна Кореја, каде тој денес наводно живее”.
И покрај се, семејството не се откажува, а дури и отвориле интернет страна посветена на исчезнувањето на Дејвид.