Околу 400 нудисти, кои вчера се собрале на една плажа во Велика Британија, поставија нов светски рекорд во масовно капење. Нивната цел било да се собори сегашниот рекорд од 250 голи капачи, но и да соберат 12.000 фунти за хуманитарни цели, јавува BBC.
Масовното пливање за Гинис се одржа вчера на плажата Rosili на полуостровот Gauer, на југот на Велс. За да го постават новиот рекорд капачите морале во вода да седат 10 минути.