Кога носите товар , особено женските ташни кои се сега во мода се големи и собираат се и сешто , и најчесто ги товариме со непотребни работи и со тоа ги оптоваруваме мускулите на рацете, рамената и горниот дел на грбот. Доколку овие мускули не се силни , брзо се заморуваат и секогаш последицата е болка. За побрзо да ги зацврстите, изведувајте вежби со тегови од 1 или 2 килограми, два пати по 10 повоторувања и тоа само два пати во неделата.
Прва вежба
Држете по еден тег во двете раце, лежете на стомак на клупа и подигнете ги нозете од колената.Рацете дигнете ги во висина на рамената и благо свиткајте ги лактовите. Подигнете ги рацете 10 сантиметри , спуштете и повторете ја вежбата уште 10 пати.
Втора вежба
Дрежете тегови во двете раце , а рацете да бидат во линија на телото со дланките од обратната страна . Повлечете ги теговите нагоре , во правец на рамената , а потоа исправете ги рацете над главата. Вратете се во почетна позиција и повторете ја вежбата 10 пати.
И двете вежби се работат во 2 серии од 10 повторувања. Паузата помеѓу сериите треба да биде 1 минута.