Доколку имате пријатели кои ве спамираат со своите објави, но притоа не сакате да го исклучите следењето на таа личност, социјалната мрежа Фејсбук наскоро би можела да ви понуди ново решение.
Имено, Фејсбук деновиве ја тестира опцијата Snooze која на корисниците на најголемата социјална мрежа на светот ќе им овозможи барем привремено да престанат да следат одредени личности, страници или групи, односно нивните објави да не се појавуваат во News Feed. Snooze ќе нуди опции за прекинување на објавите во рок од 24 часа, седум или 30 дена.
На многумина корисници оваа опција ќе им биде и тоа како корисна, посебно ако имаат пријатели кои што во одреден период ќе бидат досадни со одредени објави.
Snooze моментално е на располагање само на мал дел од корисниците, а опцијата може да се најде веднаш кај опцијата за Unfollow.
Фејсбук на овој начин подготвува нова опција за избегнување на „досадните пријатели“. Слична опција наречена “See fewer posts like this” (гледај помалку вакви постови) е слична, но сепак не е јасно до која мера се отстрануваат некои поединци или групи од вашиот News Feed па така лесно можете да пропуштите некоја корисна објава за вас.
Snooze од друга страна е прилично конкретна опција која нуди продолжување на нормалното следење на вашиот пријател после одреден период.