Поучна приказна: Бог секогаш има план за нас

popara12 октомври, 20171min00
12

Оние што веруваат во бога ќе ја разберат смислата на оваа приказна. Оние другите можеби ќе се замислат…

“Три дрва гордо стоеле на еден рид и разговарале за нивните соништа.

„Посакувам од мене да направат прекрасен ковчег, да ме наполнат со злато и скапоцености” – размислувало првото дрво.

„А јас посакувам од мене да направат моќен брод, па кралеви и кралици да пловат со мене” – рекло второто.

„Мојата желба е да растам високо, да ги допрам облаците, па кога ќе ме видат, луѓето да чувствуваат дека се блиску до Бог” – посакало третото дрво.

По многу години дрвата биле исечени. Од првото дрво била направена кутија за храна на животни, била ставена во штала и наполнета со сено, второто дрво послужило за мал чамец, а третото дрво било исечено на големи парчиња и оставено во еден темен дел од нечиј дом.

Минале многу години, дрвата речиси и заборавиле на своите соништа, веќе и не се надевале дека ќе се остварат.
Токму тогаш, во шталата каде била кутијата за животни, се родило бебе, а таткото го ставил токму во кутијата со сено. Дрвото се сетило на својот сон и чувствувало дека новороденчето е најголемото од сите богатства. Неговиот сон се остварил.

По многу години неколкумина пловеле со кајчето направено од второто дрво. Страшна бура се заканувала да ги уништи, а тогаш еден од луѓето во кајчето смирено рекол: „Мир”. Бурата веднаш престанала, а дрвото знаело дека со него пловел кралот над кралевите.

Подоцна, третото дрво послужило како крст на кој бил распнат еден човек, било ставено на еден рид и тогаш се сетило на својот сон да стои високо во облаците, а луѓето да се чувствуваат блиски до Бог. Неговиот сон се исполнил, бидејќи токму Исус стоел на него.

Секое од дрвата го добило тоа што го посакувало, но не на начин на кој си замислувале дека ќе се случи.

Патиштата на кои нè носи животот за нас понекогаш се чудни и неразбирливи. Иако честопати не изгледа така, Бог секогаш има план за нас. Оној кој искрено верува и се стреми кон своите соништа, еден ден ќе го добие дарот кој го заслужува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag