Трчање – максимум ефекти за минимум време!

popara20 октомври, 20171min00
16

Издвојте триесеттина минути во денот да истрчате од влезот на својата зграда, да џогирате, а потоа да истрчате назад до својот стан. Не дозволувајте здивот да ви стане плиток и краток. Доколку ви се случи тоа, сфатете го како сигнал од телото дека треба да забавите!

Физички бенефити

Трчањето е одличен спорт бидејќи го ангажира целото тело. За само 20 минути трчање можете да извлечете повеќе корист за организмот отколку да возите велосипед или да пливате. Затоа трчањето е наједноставен избор за вработени жени, на кои секоја минута им е драгоцена.

Влијание врз психата

 Благодарение на трчањето, станувате психички силни, во вас расте самодовербата, бидејќи додека трлате, секојдневно си поставувате цели што ги исполнувате.

Вложување

 Навистина е минимално. Можете да почнете да трчате уште од вратата на својот дом, да направите одличен тренинг и да дотрчате назад. Најважно е облеката да е пријатна  и да ви е удобно во неа, ништо да не ви пречи или да ве стега. Всушност најголемото вложување, кое навистина е важно, е во патиките, кои мора да бидат удобни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag