Му го покажала на Трамп средниот прст – Добила отказ!

popara7 ноември, 20171min00
8

Американката Џули Брискман минатиот месец била фотографирана како вози велосипед и покажува среден прст на поворката автомобили во која бил претседателот на САД, Доналд Трамп.

Сега таа доби отказ од инженерската компанија „Akima LLC“, откако ја споделила фотографијата на своите онлајн профили. Брискман за медиумите рече дека компанијата ја повикала на состанок еден ден откако таа го известила Одделението за човечки ресурси на компанијата дека таа е жената на фотографијата.

Резултат со слика за dobila otkaz jer je pokazala trampu srednji prst

Таа за „Huffington Post“ изјави дека нејзините надредени сметаат дека го нарушила угледот на компанијата и ја окарактеризирале фотографијата како „несовесна“ и „недолична“ и сметаат дека ги прекршила правилата на социјалните мрежи кога ја објавила спорната фотографија на нејзините профили на Facebook и Twitter.

Брискман во нејзина одбрана пред менаџментот рекла дека фотографијата не била снимена во работно време и дека не ги спомнала нејзините работодавци во објавите на социјалните мрежи, меѓутоа овие аргументи не ѝ помогнале да не добие отказ.

Сега таа бара нова работа и вели дека иако добила отказ, не жали за нејзиниот гест.

„На некој начин, сега ми е подобро од кога било. Ззагрижена сум за состојбата во која се наоѓа нашата земја. Вџасена сум и ова беше мојата шанса да кажам нешто“, рече таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag