И покрај идејата дека мислиме дека ги знаеме сите видови кои постојат на Земјата, постојат делови на светот каде човекот сеуште не стапнал. И постои човек кој трага по такви места. Неговото име е Пол Розоли.
Тој направил неверојатен краток филм со наслов „Невиден свет“, кој ги открива недопрените предели на Перу, каде постои непознат животински свет. Тој не ги вознемирувал животните за да ја направи снимката, тој поставил скриена камера со далечински управувач за да сними дел од начинот на живеење на овие животни.