Ова се случува со вас ако 2 недели паузирате од редовната физичка активност

popara21 ноември, 20171min00
5

Дознајте зошто е потребно редовно да вежбате и што се случува со вашето тело ако не вежбате само 14 дена:

1. Вашето тело се менува веќе по три дена од престанокот на вежбањето

Фитнес-стручњаците наведуваат дека мускулната маса се намалува ако не ја употребуваме и дека тонусот побрзо исчезнува кај оние мускули кои што помалку ги користиме – како стомачните мускули, во однос на мускулите на нозете. Токму поради тоа треба редовно да вежбате, можеби не секој ден, но телото треба редовно да се одржува во добра физичка форма.

2. Сите мора да се трудиме многу повеќе за да го вратиме она што сме го имале, но сме го изгубиле

Стручњаците наведуваат дека за повраток на мускулната сила е потребно двојно повеќе време од периодот на паузата од вежбање.

3. Дали се прашувате зошто едноставно не можете да престанете да мислите на масната и калорична храна?

Главни причини се недостатокот на енергија, лошото расположение и недостатокот на упорност. Меѓутоа, со редовно вежбање ќе го корегирате расположението, поквалитетно ќе се храните, но и ќе станете поупорни за да го правите токму она од што и се чувствувате подобро.

4. Претерувате со вежбањето, па потоа и ви здосадува

Многумина претеруваат со вежбањето за во еден момент да одлучат да направат пауза. Токму во тој период може да дојде до емоционален стрес бидејќи телото и мозокот се навикнуваат на задоволството кое што веќе го нема.

5. Ако не вежбате редовно, заборавете на мирните ноќи и спиењето како бебе

Ве загрижуваат неплатените сметки, кредитите, како ќе ги платите трошоците кои стануваат сè поголеми, а од друга страна платата е иста или помала? Тој стрес најбрзо и најлесно ќе го исфрлите од телото со редовно вежбање, а со сигурност и ќе спиете подобро.

6. Повремено не е лошо да забавите

Ако сте имале период на пауза од вежбањето, не грижете се, сепак не е изгубено сè. Ќе ви биде потребно малку повеќе време за да се вратите во форма, но важно е дека таа цел е сè уште возможно да се постигне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag