На интернет се појави видео на кое туристи во катердала во Халиско во Мексико наводно снимиле момент во кој дете, кое умрело пред 300 години, ги отворило очите. Додека едни сметаат дека ова е знак, други тврдат дека се работи за измама.
Легендите за починатото девојче, кое е прогласено за свето, а нејзините остатоци почиваат во катедралата, се различни.
Најпозната е приказната според која девојчето сакало да оди на првата причест заедно со соучениците, но татко и тоа и го забранил. Калуѓерките го повикале девојчето, и тоа тајно отишло на првата причест. Кога нејзиниот татко тоа го дознал, ја избодел до смрт, пишува „Мирор“.
Мештаните телото на девојчето го донеле во катедралата каде што било погребано и станало симбол на љубовта кон Исус.