Фитнес-совети: Како да почнете со вежбање?

popara7 декември, 20171min00
1

ВЕЖБАЈТЕ ЗА ДА ОСЛАБИТЕ

Жените што вежбаат за да се чувствуваат подобро и за да се ослободат од стресот – вежбаат повеќе. Често пати треба и сами да се потсетувате на кои сè начини вежбањето придонесува да се чувствувате подобро, а кои немаат врска со слабеењето.

ПРЕТЕРУВАТЕ

Почнете полека да вежбате. Обично, луѓето почнуваат со сета сила, претеруваат, а потоа престануваат затоа што им е претешко.

НЕ ВИ СЕ ДОПАЃА ВАШЕТО ТЕЛО

Ви пречи стомакот додека правите стомачни, или не ви се допаѓа како изгледате во тренерки? Тренирајте дома!

ИЗБРАВТЕ ПОГРЕШНИ ВЕЖБИ

Не сте љубител на лента за трчање и на тегови? Тогаш изведувајте вежби што ви одговараат. Возење велосипед, шитурање во кош, танцување… Некогаш ги правевме со страст, но потоа заборавивме на нив.

ЧУВСТВУВАТЕ БОЛКА

Болка во грбот или во коленото може да претставува пречка при вежбање. Меѓутоа, ако имате некоја хронична состојба, можеби е уште покорисно да вежбате. Консултирајте се со лекарот да ви пропише физикална терапија и вежби што можете да ги изведувате.

МИСЛИТЕ ДЕКА Е ПРЕСКАПО

Некои тренинзи не се евтини, а не е и спортската опрема. Но не морате да трошите. Имате облека за прошетка, а брзо одење низ населбата ќе ви донесе предности што ги нема во вежбалницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma