Еден ден таа решила да го напушти своето работно место за да започне да се занимава со елитна проституција. Таа сега заработува и по неколку илјади долари за една ноќ.
Пресвртница во нејзината кариера таа направила пред три години, а причината поради која што таа одлучила да се занимава со ваква работа е чувството на моќ кое таа смета дека токму оваа работа и го пружа.
– Тоа е секако една сосема поинаква индустрија. Јас ги сакам мажите, го сакам сексот и помислив дека не би било лошо да ме плаќаат за она што и инаку го правам бесплатно, вели Аманда.
Аманда вели дека сексот не е голем дел од работата како што многумина мислат, туку дека на нејзините клиенти им е многу важно и друштвото кое што таа им го прави.
– Сексот не е голем дел од оваа работа. Кога би било така, моите состаноци со клиентите би траеле 5 минути. Повеќе е како “терапија додека сме голи”, бидејќи јас слушам многу животни исповеди.
Таа објаснила и за што точно се работи.
– Вие сте всушност една дама која тие можат да ја одведат во ресторан и да водат интелигентен разговор со неа. Тие не плаќаат само за секс затоа што тоа можат да го најдат и во првиот бар, вели Аманда.
Сепак, во игра е голема сума на пари. Аманда признала дека за една ноќ со клиент може да наплати и до 6.000 долари. Вистината за своето работно место таа сè уште ја крие од децата, но свесна е дека и тоа прашање еден ден ќе дојде на ред.
– Прашањата ќе дојдат, но во овој момент тие се премлади, рекла Аманда.
Во Австралија, каде што таа живее, проституцијата е легална, но правилата се разликуваат од држава до држава. Иако сама по себе е легална, одредени аспекти не се, во зависност од тоа во која држава во Австралија се наоѓате. На пример, во некои држави е забрането огласувањето, а во некои проституцијата на улица, а некаде пак борделите.