
Сите жени кои во тоа време се занимавале со новинарство, пишувале под псведоним, па Елизабет тогаш го добила името Нели Блај, според насловот на ликот во истоимената песна на Стивен Фостер.
Познато е дека жените низ историјата секогаш храбро се бореле за своите права. Сакале да се докажат на сите полиња, а особено да докажат дека местото на жената не е само во домот, туку дека жената може да биде остварена и во работата која ја сака. Една од тие жени е и Нели Блај, прочуената Американска новинарка. Таа незапирајќи грабела кон своите соништа и го вовела истражувачкото новинарство на големата врата.
Нели Блај бил псевдонимот на новинараката Елизабет Кохран Симан.
Кога била мало девојче, Нели ја викале “Розе” бидејќи сакала да носи облека со розова боја. Отакако станала тинејџерка почнала да се облекува софистицирано, па го отфрлила ова име.
Била во интернат, но по смртта на нејзиниот татко морала да го прекине школувањето заради недостиг на финансии. Во 1880.година нејзината мајка го сели целото семејство во Питсбург. Тогаш Нели имала 16 години.
Деновите во Питсбург ги поминувала читајќи весници, па изреволтирана од агресивноста со која се среќавала во нив, одлучила да му напише писмо на уредникот .
Писмото го напишала под псевдонимот “Осаменото девојче од домот за деца без родители”.

Озбилноста и духот на писмото кај уредникот разбудиле желба да ја вработи личноста која го напишала, меѓутоа откако сватил дека тоа била жена, одбил да и даде работа. Говорните вештини на Нели Блај сепак го убедиле да ја вработи.
За време на роботењето во Питсбург Диспеч, Блај пишувала за положбата на жените кои работат во фабричките работилници, но во главно уредниците и давале теми за таканаречените женски страни, каде што можела да пишува за мода, градинарство…
Бидејќи со тоа не била задоволна, се преселила во Мексико да работи како дописничка. Пишувала за обичаите на мексичкиот народ.
Додека престојувала во Мексико пишувала и за затворањето на локалните новинари бидејќи ја критикувале мексичката влада.
Кога мексичката влада слушнала за нејзиниот извештај, и запретиле дека ќе биде уапсена, па морала да ја напушти земјата. Откако се вратила во САД, таа го обвинила Дијаз дека е тиранин, дека го малтретира мексичкиот народ и ги контролира медиумите.

Откако се вратила од Мексико, Нели одлучила да ја напушти тогашаната работа и да се пресели во Њујорк. Во тоа време имала смо 21.година. Иако без приходи, Блај многу брзо успева да се вработи во новинарската куќа The New York World каде уредник бил Џозеф Пулицер.
Токму таму добила можност да се занимава со истражувачко новинарство, а една од првите задачи и била да го истражи лошото однесување со пациентките во домот за ментално здравје Blackwell’s Island. Глумела дека е ментално болна и самата се пријавила да престојува 10 дена во оваа болница. Откако цела вечер поминала пред огледало вежбајќи изрази на лицето, заминала во еден пансион. Не сакала да оди во кревет, велејќи им на вработените дека се плаши од нив и дека се луди.
Тие набрзо заклучиле дека “таа е онаа која што е луда”, па следното утро повикале полиција. Ја однеле во суд каде таа тврдела дека има амнезија. Судијата заклучил дека била издрогирана. Ја прегледале неколку доктори и ја прогласиле за ментално болна. Веста за “Убавата луда девојка” веднаш привлекла големо внимание од страна на медиумите.
Кога конечно успеала да влезе во лудница, тоа и дало можност и самата да се увери во третманото кој пациентките го имале. Пишувала за расипаната храна, тепањето, присиленото хранење и медицинските сестри кои ги чувале своите пациенти будни цела вечер.
Едвај успеала да излезе од лудница. Бидејќи нејзиниот уредник бил многу угледен човек, лично отишол да ја извади и едвај успеал. Нејзините текстови довеле до потребните политички реформи кога станува збор за институциите за ментално здравје, а статиите кои биле објавени во овој период ги собрала и објавила книга “Десет дена во лудница”.
