
Необичен натпревар се оржал во централниот градски парк. Учесниците морале да седат 90 минути на едно место, без да направат апсолутно ништо, пишува кинескиот весник South China Post.

Организаторите од време на време им го мереле пулсот и се грижале за тоа некој да не заспие.

Студент од Хонг Конг, Чан Кај Хо е победник на натпреварот одржан во Тајпеј.
Чан како награда добил авионски билет за следниот натпревар, кој ќе се одржи во фебруари во Хонг Конг или во Јапонија.
“Да бидам искрен, тоа е прилично заморно, но мислам дека е тоа добра навика”, рече Чан.