Американската компанија Stärke за љубителите на класичниот Porsche Speedster од 50-тите години им подготви модел во модерната реплика на овој иконичен автомобил.
Оваа фирма со седиште во Аризона претставила копија на прочуениот спортски модел од половината на 20. век, а за основа на автомобилот е употребен современ Porsche Boxster.
Stärke соопшти дека за репликата на Speedster ги прифаќа “донаторските” модели на Boxster, изработени во периодот помеѓу 1998. и 2012. година.
Откако автомобилот ќе се “соголи” до самата срж, се тргнува во изработка на копија така што на механичката платформа се надоградува специјално направена каросерија која по изгледот е речиси идентична со онаа на оригиналниот Speedster.
За разлика од надворешноста која е потполно во ретро стил, внатрешноста е слична на современиот Boxster.
Stärke нуди неколку нивоа на надоградби. Најевтината реплика ја носи ознаката Speedster CS, а преправката чини 59.950 евра, не сметајќи ја цената на половниот донаторски Boxster на кој е базирана.