Курдски снајперист го шокираше светот: Морам да ги убивам! Но кога ќе убијам… (Видео)

popara15 декември, 20171min00
9

Режисерот Роберт Доски го ризикувал својот живот само за да сними краток документарец за курдскиот снајперист Харон, кој дошол во сирискиот град Кабана за да се бори против Исламската држава.

Денот на Харон е приказна за пукање, убивање и размислување за иднината.

– Кога ќе ги убијам, ги проверувам нивните тела. Секако дека ме прогонуваат во ноќните кошмари. Некогаш тоа се деца. Но морам да ги убивам за да не ме убијат тие мене – рекол Харон.

Како што вели во филмот, воопшто не е лесно да се биде снајперист зошто тоа бара голема математичка прецизност при гаѓањето.

– На Харон му беше драго што ја раскажува својата приказна, бидејќи сеќавањата го прогонуваат. Нејтежок дел од снимањето ми беше кога Харон ги проверува телата на луѓето кои ги убил. Тоа беше напната, но драго ми е што успеав, рече режисерот за Атлантик.

– Ситуациите низ кои сум поминал на никој не би му ги поскал, заклучува Харон.